Уметничка галерија – турскиот сликар Нури Абач

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месец декември беше посветен турскиот сликар Нури Абач. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики:

  • караќоз од турскиот театарот на сенки;
  • хетити фигурите;
  • минијатурите
  • имагинарните фигури
  • невообичаените, фигури како од бајки
  • вртелешките
  • анатолиските симболи и
  • пренатрупаните композиции.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Нури Абач.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.