Обуката за развивање на ИКТ компетенциите во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“

Во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“ во периодот од 23-27.01.2017 година беше посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер IDevelop, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска.

Целите на обуката беа развивање на дигиталните вештини на наставниците употребувајќи иновативни педагошки пристапи, кои ќе резултираат во развивање на технолошки збогатени средини за учење за да им овозможуваат на ученици да станат активни учесници во процес на учење, како и прилагодување и персонализирање на активностите за учење за да се усогласат со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности со користење на дигиталните алатки и ресурси.

Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисиминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.