Отворен час со примена на ИКТ алатки (Google Forms)

На ден 9.02.2017 година беа реализирани отворени часови со примена на ИКТ алакти од страна на наставникот по англиски јазик, Милена Игњатова. Отворените часови се дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“.

Целите на часот беа учениците да образуваат 0 и I тип условни реченици во куси искази, да ги препознаваат разликите и сличностите и правилно да ги употребуваат. За време на часовите беше применета техниката на учење преку тест со примена на ИКТ алатката Google Forms.