Интерна обука- Инклузивно образование

Во рамките на програмата: Инклузивно образование во основни училишта, во организација на УНИЦЕФ, Бирото за развој на образованието и Македонскиот Центар За Граѓанско Образование, во нашето училиште се одржa обука за: Диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница
Обуката беше организирана во две групи и тоа:
Прва група: 09 и 10 јануари, 2017 година, од 09:00 – 15 .00 часот, за колегите од актив прво и второ одделение, и актив по македонски јазик
Втора група: 16 и 17 јануари 2017 година, од 09:00 – 15 .00 часот, за колегите од актив трето, четврто и петто одделение и актив по математика
Обуката ја посетија 49 наставници од одделенска и предметна настава. Обучувачи беа Љубица Атанасовска и Билјана Иваноска.

Беа реализирани повеќе активности, како што се: Дефиниција за инклузивно образование, димензии на различноста, интерподеленост, клучни елементи на диференцирање, организација на училницата, атмосфера во училницата, измени и прилагодувања на наставни планови, настава на повеќе нивоа, колаборативно учењe, различни видови на оценување и повратни информации, проблематично однесување, градење класна заедница и други.
Темата која се обработуваше е доста актуелна, и навистина им е потребна на наставниците. Обуката беше одлично осмислена, а активностите добро испланирани и даваа можност учесниците да бидат активни во текот на целата обука.

16508836_1796343620614804_8612123667489435511_n 16473002_1796343680614798_800508379696769286_n