Работилница за примена на PicCollage, PowToon, Kahoot и Socrative (надворешна обука за наставници)

На ден 1.04.2017 година во Хотел “Порта”, Аеродром, се одржа работилница за развивање на дигиталните вештини на наставниците употребувајќи иновативни педагошки пристапи, кои ќе резултираат со развивање на технолошки збогатени средини за учење за да им овозможуват на учениците да станат активни учесници во процесот на учење. Исто така, ќе овозможуваат и прилагодување и персонализирање на активностите за учење за да се усогласат со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности во користењето на дигиталните алатки и ресурси.

Работилницата беше дел од дисеминацијата од посетена обука за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“  и истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска. Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштата од општина Аеродром и пошироко.

На работилницата беа претставени ИКТ алатките за фото едитирање (PicCollage), создавање на видеа (PowToon) и алатките за формативно оценување: (Kahoot и Socrative).