Промотивен настан на активностите од Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future)

На 17.05.2017 година беше одржан промотивен настан на активностите од првата половина на проектот од Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future).

За време на настанот учениците ги презентираа реализираните активности од оваа учебна година и тоа:

  • Изработка и размена на честитки за Нова година и Божиќ
  • Изработка на украси за новогодишното дрво посветено на проектот
  • Уметничка галерија: сликање по инспирација на интернационални сликат и тоа – турски сликар Нури Абач, австрискиот сликат Густав Климт и бугарскиот сликат Владимир Димитров
  • Возот на мирот
  • Традиционални детски песни и традиционални детски игри

На настанот присуствуваа претставници од локалната средина, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност како и претставници од општина Аеродром, наставници и ученици од другите училишта од нашата општина и родителите од нашето училиште.

Резултатите од спроведената анкета за време на настанот можете да ги погледнете тука.

Настанот како и самиот проект исто така беше промовиран за време на утринската програма на ТВ „Нова“ каде што гледачите имаа можност накратко да бидат запознаети со целите на Еразмус+ програмата КА219 и самиот проект „Да ја обоиме иднината“.