Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.
Целта на активноста е:
- проучување на уметноста низ слики и
- учениците да научат за познати интернационални уметници.
Месеците април и мај беа посветни на бугарскиот сликар Владимир Димитров. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики.
Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Владимир Димитров.
Проследете ја атмосферата за време на часовите
Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од I одд.
Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од II одд.
Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.
Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.
Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.