Посета на Спомен – собата на браќата Миладиновци „Т’га за југ“

               7

               На 18.3.2014 год. учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ заедно со библиотекарот и наставниците по македонски јазик организирано ја посетија Спомен – собата на браќата Миладиновци „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје.

            Целта на организираната посета беше учениците да ги прошират стекнатите знаења за животниот пат на струшките браќа Константин и Димитар Миладонови, а воедно да ја осознаат нивната значајна улога во историјата на преродбенската борба на македонскиот народ. Пред сè, учениците се запознаа со поетското творештво на основоположникот на македонската уметничка поезија Константин Миладинов, како и со собирачката дејност на браќата Миладиновци претставена преку Зборникот на народни умотворби, камен – темелникот на македонската култура и историја.

            Во рамките на посетата, учениците добија можност да ги разгледаат одделите за литература за деца и за возрасни и да се запознаат со работата на централната библиотека.