На ден 5.10.2017 година се одржа работен состанок со претставникот од DISCO проектот, г-дин Небојша Трпковски. На состанокот беа присутни, нашиот ИКТ координатор, Валентина Петрова, помошник-директор и член од ИКТ тимот, Милена Игњатова и в.д директор, Магдалена Петреска.
На состанокот беше дискутирана престојната завршната конференција на DISCO проектот во Хуелва, Шпанија која ќе се одржи на 9-10.10.2017 година и на која ќе се доделуваат плакатите и сертификатите на победниците од Натпреварот за Дигитално Училиште од сите држави партнери во проектот. Нашето училиште како победник на натпреварот од Македонија ќе биде претставувано од страна на координаторот на Еразмус+ проекти, Љубица Ружинска.