Посета на XXVI Меѓународен саем на книгата

biblioteka-poseta

 

На 9. IV 2014 година, учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ го посетија XXVI  Меѓународен  саем на книгата  заедно со библиотекарот и предметните наставници по македонски јазик.

Покрај промовирање на една од најзначајните културни манифестации, целта на посетата беше запознавање на учениците со современите книжевни наслови за  деца  и  млади  кои  имаат  битна  улога  во  формирањето  на читателската  култура.  Исто така,  учениците  имаа  книжевна  средба  со современиот  македонски  писател  за  деца  Горјан Петревски  со  когошто разменија искуство во врска со творештвото и читањето на неговите дела кои се омилени кај најмладата читателска публика. Воедно, учениците ја искористија можноста да добијат потпис и посвета на книгите од својот омилен автор.