Валоризационата конференција

Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на Валоризационата конференција одржана во Скопје на 18.12.2017 година како дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

На оваа конференција свое учество земаа Лидија Димова, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и Гоце Величковски и Дејан Златковски, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.

Директорката Димова истакна дека најдобар показател на успешното усогласување со националните приоритети се успешните проекти кои на денешната конференција беа претставени. Во годините што се пред нас, Националната агенција ќе продолжи да биде столбот на имплементацијата на Еразмус+ програмата и ќе ги поддржува сите сегменти на образованието, обуката, младите и спортот во нивните напори за што порамноправно учество во европските текови. Во соработка со Министерството за образование и наука ќе се дефинираат приоритетните области на поддршка секоја година, со што ќе се придонесе зa оптимално користење на средствата од Европската Унија за поддршка на меѓународната соработка-истакнаа од Националната агенција.

На конференцијата од нашето училиште учествуваа еТвининг амбасадорот, Валентина Петрова, и двајца еТвинери од училиштето, Гордана Камческа и Магдалена Петреска.