Кампања „Јас внимавам“

Кампања „Јас внимавам“ во ООУ”Лазо Ангеловски” (22.12.2017 год.)

Националната кампања „Јас внимавам“ со донација на сообраќајни полигони ги едуцира децата дека треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми нивната безбедност како учесници во сообраќајот. Овој пат донацијата е наменета за учениците од OОУ Лазо Ангеловски, кои од иницијаторот на кампањата, компанијата ОКТА, добија едукативен сообраќаен полигон. Покрај поставување сообраќаен едукативен полигон, пред учениците беше изведена и едукативна театарска претстава преку која се симулираат различни ситуации од сообраќајот,а за понатамошно креативно учење децата добија и тематски боенки.

Кампањата „Јас внимавам“ преку различни активности ги потсетува граѓаните дека треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и притоа ја буди свеста за поголема безбедност. Кампањата е подржана од Министерство за внатрешни работи на Република Македонија и има за цел да делува проактивно и едукативно, а со тоа и да придонесе во позначителни резултати во подобрување на сообраќајната култура во земјава.

25990703_10214373144060410_1053637165_n 26030644_10214373144020409_605090330_n