На 23.02.2018 година во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа шестиот интернационален натпревар по англиски јазик „Хипо“ во кој учествуваа 100 ученици.
Учениците се натпреваруваа во читање и слушање. Најдобрите ученици заедно со други ученици од европските земји ќе се натпреваруваат во семи-финалето на 16-ти и 17-ти март 2018 година.
Натпреварот е организиран од страна на Глобал хипо асоцијацијата, кој истовремено се одржува во неколку балкански земји.