Дневник на маскотата

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, маскотата на проектот, Eeyore, беше на посета во нашето училиште од декември 2017 до февруари 2018 година. За време на својата посета маскотата ги посети учениците од сите 5 генерации од одделенска настава и помина по 1 недела во секоја од нив.

Учениците од нашето училиште беа пресреќни да се дружат својот нов пријател и да му ги покажат некои од своите секојдневни активности. Своите импресии ги запишаа во Дневникот на маскотата кој што можете да го видите на линкот

 Дневникот на маскотата-Македонија

Eeyore и Дневникот на маскотата по заминувањето од Македонија ќе ги посети своите другарчиња во Австрија. Од почетокот на проектот Eeyore имаше можност да ги посети другарчињата од Романија, Бугарија и Италија. На крајот на своето патување тој треба да ги посети другарчињата во Турција и со тоа да го заврши своето две годишно патување низ сите 6 држави-партнери во овој проект. Впечатоците од неговите посети низ сите 6 држави ќе бидат запишани во неговиот дневник кој целосно ќе биде објавен во електронска верзија на крајот на проектот.

Погледнете ги фотографиите преку кои може да се види атмосферата за време на посетата на Eeyore во нашето училиште.