Петти интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ во Скопје, Македонија

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан петтиот интернационален координативен состанок во периодот од 28.02-02.03.2018 година во Скопје, Македонија, а домаќин на истиот беше нашето училиште.  На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија и Италија.

Цели на состанокот беа:

  • разгледување и дискусија на досега остварените проектни активности и исходи;
  • размена на идеи и добри пракси за методите на подучување на уметност;
  • планирање на идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени до крајот на оваа учебна година;
  • евалуација на проектните активности;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса;
  • запознавање со македонската кутура, традиции и обичаи.

На првиот ден од стостанокот, членовите од партнер-училиштата беа во посета на општина Аеродором каде што беа примени од страна на претставници од локалната самоуправа. Повеќе информации за посетата во општината можете да добиете на следните два линка:

По посетата на општината, членовите од партнер-училиштата присустуваа на промотивниот настан одржан во нашето училиште на кој учениците ги претставија дел од активностите од проектот: испеаа 8 песни на 6 јазици, свиреа на флејти и драматизираа традиционална романска фолк приказна.

На следното видео можете да го проследите целиот настан

Настанот имаше и медиумска покриеност од страна на:

  • весникот Вечер – goo.gl/cqp5Ac  и
  • телевизија Сител

По настанот следеше работниот дел од посетата во кој членовите од партнер-училиштата ги разгледаа и дискутираа досега остварените проектни активности и исходи, ги испланираа идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени до крајот на оваа учебна година и дискутираа за евалуација на проектните активности.

На првиот ден од состанокот, членовите од партнер-училиштата земаа учество во работилница Arts&Crafts (активности со ученици и наставници ) во рамките на која изработуваа здели од глина, правеа рачно изработени магнети и пролетни честитки и сликаа цветови.

Вториот ден од состанокот беше посветен на културна посета на градот Скопје во која тие посетија неколку културни места низ градот и тоа: спомен куќата на Мајка Тереза, Св. Спас и Музејот на Македонија – етнолошката поставка.

Третиот ден од состанокот, членовите од партнер-училиштата беа на посета на надгледни часови-примери на добра пракса и тоа:

  • час по ликовно образование: монотипија со восочен пастел
  • час по музичко образование: свирење на песни на блок фелејта и пеење на песни од земјите-учеснички во проектот
  • час по физичко образование: играње на традиционални македонски ора