ОСВОЕНО ПРВО МЕСТО НА НАТПРЕВАР ПО ОРАТОРСТВО

 

oratorstvo

 

На 23 мај 2014 год. (петок), осмоодделенецот Филип Михов од ОУ „Лазо Ангеловски“ учествуваше на натпреварот по ораторство што го организира Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ и со својот подготвен говор на темата „Генерацијо, сакам да ви кажам“ го освои првото место меѓу сите пријавени учесници од основните училишта на територијата на градот Скопје. Исто така, на овој натпревар учество зеде и седмоодделенката Ева Стојановска којашто одлично се претстави со говорот на тема „Сакам да победувам“. Воедно, учениците добија извонредна можност да ги зајакнат своите ораторски вештини и да го продлабочат своето искуство за суштинските елементи на јавното аргументирано говорење.