Во месец март-април 2018 година беа реализирани 3 работилници на тема „Учење преку проекти (PBL)“.
Темите опфатени во обуката беа:
- Вовед во “Учење преку проекти” (PBL)
- Дефиниции за “Учење преку проекти”
- Разлики помеѓу „Традиционални проекти“ и „Учење преку проекти’
- Пет чекори за успешно планирање на PBL
- Воведно/водечко прашање
- Следење на постигнувањата и оценување на учениците во рамките на PBL
- Планирање на PBL (изработка на модел проект)
- Презентација на изработените проектите и повратна информација
Работилниците беа дел од дисеминацијата од посетената обуката за Учење преку проекти (PBL) во Берлин, Германија во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ и беа реализирани од страна на наставниците Љубица Ружинска, Милена Игњатова, Валентина Петрова и Магдалена Петреска.
Таргет групата на работилниците беа одделенските и предметните наставници од нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски’, училиштата од општина Аеродром и училиштата од град Скопје и пошироко. Работилниците беа посетени од вкупно 50 наставници.
Атмосферата за време на работилницата на 31.03.2018 година.
Атмосферата за време на работилницата на 21.04.2018 година.
Атмосферата за време на работилницата на 28.04.2018 година.