Шести интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан шестиот интернационален координативен состанок во периодот од 23-25.05.2018 година во Виена, Автсрија. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија, Италија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, директорот, Перо Арсеновски, одделенскиот наставник, Марина Нанева и наставникот по англиски јазик Марина Николовска-Ристова.

Цели на состанокот беа:

  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса;
  • креативни работилници за методите на подучување на уметност;
  • евалуација на остварените проектни активности и исходи;
  • разговор за раководењето на проектот, проектната документација, финалниот извештај за проектот и финансиската документација;
  • евалуација на целиот проект.

За време на состанокот беше прикажано видеото од проектот „Да ја обоиме иднината“ во кои се опфатени сите активности реализирани во рамките на истиот.