Традиционални фолк приказни

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста фолк приказни. Секое партнер-училиште избра една своја национална традиционална фолк приказна која се напиша на англиски јазик и се илустрираше. Од собраните приказни потоа се изработи Збирка со традиционални фолк приказни.

Учениците од партнер-земјите потоа драматизира една од приказните. Учениците од Македонија ја драматизираа романската фолк приказна за време на петтиот интернационален координативен состанок кој се одржа во Скопје во периодот од 28.02-02.03.2018 година. Изведбата на учениците можете да ја проследите подолу.

Учениците од Романија пак ја драматизираа македонската фолк приказна. Видеата од нивната драматизација можете да ги проследите подолу.