Предизвикот за млади истражувачи

На ден 9.6.2018 година во просториите на Влада на Република Македонија се одржа завршниот свечениот настан „Предизвикот за млади истражувачи“.  Целта на настанот беше доделување на награди на 20 училишта кои имаа најуспешни истражувачки проекти во рамки на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ кој беше отворен од 31 ноември 2017 година до 15 февруари 2018 година.

На настанот се обратија:

  • Претседателот на Влада на Република Македонија, г-дин Зоран Заев,
  • Министерот за образование и наука, д-р Арбер Адеми и
  • Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, г-дин Јован Деспотовски.

На јавниот повик „Предизвикот за млади истражувачи“ учествуваа тимови од 98 училишта и сите добија сертификати за успешно учество на предизвикот, но само 20 основни и средни училишта меѓу кои и нашето училиште, беа наградени и чиишто истражувачки проекти се одобрени за финансирање од Фонд за иновации и технолошки развој.

Нашето училиште учествуваше со проектот ИоТ аквапоничен рециклирачки систем. Тимот на ООУ„Лазо Ангеловски“ го сочинуваат учениците: Ѓорѓи Чунгурски, Мила Пандилеска, Ивана Коцева, Стефан Кочовски заедно со менторите: Цветанка Малческа наставник по биологија и Марија Ѓорѓевиќ наставник по информатика.