На ден 26.10.2018 година се одржа XIX Општински натпревар „Млади библиотекари“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Натпреварот се организира секоја година за сите општински основни училишта од Скопје, од страна на Библиотекарското здружение на Македонија.
На овој натпревар учествуваа ученичките Гала Додевска и Јана Тасевска од VII одд., под менторство на библиотекарот Благица Ангеловска. Ученичките покажаа посeбен интерес и успех за подготовка и проучување на материјалот.
Целта на натпреварот „Млади библиотекари“ е воведување на младите генерации во основните поими на библиотекарството, неговиот развој, работа и значење, а воедно и поттикнување на читањето и развивање на навиките за користење на библиотеките како културно-образовни и информативни институции.