Кампања: Вози велосипед

Цел на кампањата: Подигнување на свеста за грижa за животната средина

Целна група: ученици, родители, наставници, жители на општина Аеродром

На 31.10.2018 година во училиштето, училишниот двор и непосредната околина во општина Аеродром се реализираше кампањата „Вози велосипед“. Учество земаа учениците од актив петто одделение и одделенските наставници Светлана Јосифоска и Марина Нанева. Во непосредната околина на училиштето, во училиштето и училишниот двор учениците делеа флаери со текст за подигнување на свеста за почесто користење на велосипедот како превозно средство, да бидат пример за нашата заедница со користење на ова алтернативно превозно средство, да ѝ направат услуга на животната средина со тоа што ќе придонесат за намалување на загадувањето на воздухот. Учениците комуницираа, им даваа флаери и правеа анкета со минувачите, родителите и вработените на училиштето, разговараа дали во нивниот превоз е застапен велосипедот, дали околината има безбедна зона за оставање на велосипеди и слично.