Химна на ООУ „Лазо Ангеловски“

На конкурсот за текст на химна на училиштето кој беше објавен крајот на мај месец, од учениците кои конкурираа беше избран текстот на ученичката Ива Даутовска од VIII-5 одд, од страна на комисија на наставници и стручни соработници од училиштето.

Музиката и аранжманот ги напиша Ванчо Јовчев, а беше снимена во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев.

Химната беше изведена од страна на солистите и хористи на ООУ„Лазо Ангеловски“: Илија Јовчев, Анастасија Георгиевска, Сара Бурнеска и Мила Цветковиќ под менторство на наставникот по музичко образование Тања Крстевска.

Химната свечено беше претставена за време на пригодната приредба по повод патрониот празник на училиштето на 01.11.2018 година со која беше обележано 30 години постоење на нашето училиште.