Литературна манифестација “Средба под јаворите”

Ученичката Елена Велкоска од V4 одд. под менторство на одделенскиот наставник Светлана Јосифоска ја освои првата награда во категоријата од IV и V одд. што се одржа на литературната манифестација „Средба под јаворите“-Видое Подгорец во Струмица во соработка со Издавачката куќа „Просветно дело“.

На манифестацијата беше организирана работилница за креативно пишување и творење со писателите Киро Донев и Горјан Петрески, посета на Градска библиотека во Струмица „Благој Јанков Мучето“, посета на родната куќа на Подгорец  и ОУ „Видое Подгорец“во село Колешино. Учениците од целата наша држава имаа прекрасна дружба преку размена на пријателство и стекнување на ново другарство и соработка.