Посета на куклената претстава “Девојчето и дванаесетте месеци”

На 21-ви и 22-ви февруари 2019г. учениците од прво одделение во раководство на своите наставници во придружба на училишниот библиотекар, ја посетија куклената претстава “Девојчето и дванаесетте месеци” во Театарот за деца и младинци во Скопје. Целта на оваа посета е развивање на културни навики кај учениците, запознавање на учениците со театарските објекти за деца.