Вози внимателно, не брзај за да стигнеш навреме

Членовите на училишната сообраќајна единица од ООУ “Лазо Ангеловски”, по повод 8-ми Март,  со поддршка на Одделението за превенција при СВР Скопје, и ЈП Паркови и зеленило на Град Скопје, на учесничките во сообраќајот на булевар „Јане Сандански“ им даруваа цвет на роза за дадениот придонес со примерно однесување во сообраќајот.

Благодариме на несебичната соработка на Град Скопје и на поддршката од СВР Скопје. Ги поттикнуваме членовите на сообраќајната единица во нашето училиште и понатаму да учествуваат на вакви настани кои допринесуваат за безбедноста на нивните другарчиња, нашите ученици и на сите нас.