МИМО-заедничка работилница на тема “Обичаи и традиција поврзани со празникот Велигден”

На 25.04.2019 година се одржа МИМО-заедничка работилница со партнер училиштето ОУ”Алија Авдовиќ”.  Учество земаа учениците од III-1 одделение со наставничките Магдалена Петреска и Ирена Ангелкоска Панова и ученици од III одделение од партнер училиштето со нивната наставничка и психологот.

Темата на заедничката работилница беше “Обичаи и традиција поврзани со празникот Велигден”. При тоа учениците покрај што се запознаа со тоа каков празник е Велигден и зошто се празнува, изработуваа велигденски украси, се дружеа и соработуваа.