Меѓународниот ден на семејството

На ден 15.05.2019 година на Филизофскиот факултет во Скопје е одбележан Меѓународниот ден на семејството. За таа цел, на покана на деканот на факултетот, проф. д-р Ратко Дуев и доц. д-р. Ангелка Кескинова, учениците од I-3 под менторство на одд. наставници Лидија Божиноска и Ивана Младеновска, земаа учество со ликовен приказ на тема “Моето семејство”. Учениците се претставија и со две стихотворби “Семејство” и “На кого личам”.