Натпревар по Ораторство

На 16.05.2019 година учениците од осмо одделение, Милијана Стојановиќ, Филип Петрески и Мила Трајановска учествуваа на натпреварот по Ораторство (подготвен говор на македонски јазик), под менторство на Костадинка Поповска и Благица Ангеловска, организиран во СУГС „Арсени Јовков“. Освен за учениците од средното училиште, овој натпревар се организира и за учесници од претходно пријавените основни училишта на територијата на Град Скопје.

Ученикот Филип Петрески со својот подготвен говор на темата „Насилството е проблем на новото време“ го освои првото место, а ученичката Милијана Стојановиќ го освои второто место со својот подготвен говор на темата „Биди свој – имај свое јас“.
Преку учеството на овој натпревар, учениците се докажаа како вистински оратори со својот моќен, сигурен и доминантен јавен настап, демонстрирајќи ги своите стекнати ораторски вештини и познавањето на суштинските елементи на јавното аргументирано говорење.

received_254927225343699