На 19 ноември 2014 г., во детската библиотека „Другарче“ во Скопје, ученици од ОУ „Лазо Ангеловски“, организирани од библиотекарот и одделенските наставници, зедоа учество со литературен настап на отворањето на Меѓународната детска ликовна изложба „13 Ноември“.
На оваа манифестација, чијшто организатор е Детскиот ликовен центар – Скопје, а генерален покровител е Градот Скопје, беа доделени награди на учесниците од Македонија, а меѓу нив беа наградени и ученици од ОУ „Лазо Ангеловски“. Воедно, гости на овој настан беа претставници од амбасадите на земјите – учесници од странство, односно од Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Украина.