Прв училишен ден

На 2 септември започна учебната 2019/20 година и ООУ„Лазо Ангеловски“ ширум ги отвори вратите на знаењата за 200 првачиња. По тој повод беше организирана приредба за прием на првачиња, по која следеше и првиот училишен час за новите првачиња. На свеченоста присуствуваа министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и им посакаа среќа, успех и позитивни резултати на сите ученици и наставници во новата учебна година.