На 20.01.2020 година се одржа дисеминација на обуката „Вештини на 21 век“ за наставниците од предметна настава. Десиминацијата беше спроведена од тимот од 10 наставници кои ја посетија обуката на 13-15.01.2020 год. која е во рамките на проектот „Училишта на 21 век“ организирана од страна на Британскиот совет.
Цел на обуката се развивање на вештини и компетенции на наставниците за развивање на критичкото размилување и решавање проблеми (КРРП) кај учениците и кодирање со примена на Microbit во наставата. Во следниот период предвидено е да се рализираат отворени часови со примена на стратегии за развивање на овие вештини кај учениците, како и реализација на училишен проект кој ќе инволвира примена на Microbit.