Во периодот од 9-11.02.2020 година се организираше интернационалниот натпревар за избор на дигитален постер за побезбеден интернет во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ на кој од сите 5 држави учествуваа 15 постери (трите најдобри од секое училиште-партнер).
Според онлајн гласовите на комисијата составена од 2 наставници од секое училиште, избрани се најдобрите 3 постери. Постерот со најголем број на гласови е од нашето училиште, односно победник е постерот на Марко Секуловски од VIII-3 одд. На второ место е постерот од ученик од училиштето од Романија, а на трето место е постерот од ученик од Шпанија.
На линкот можете да ги погледнете сите 15 постери кои учествуваа во интернационалниот натпревар:
https://youngjournalists.home.blog/2020/02/09/contest-for-digital-posters-safer-internet-day/
а следниот линк и трите победнички постери: