Поетска работилница на тема „Убавините на пролетта“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“, библиотекарот на училиштето м-р Благица Ангеловска, по заеднички договор и соработка со одделенскиот наставник м-р Душанка Панкова, ја организираше поетската работилница на тема „Убавините на пролетта“ за учениците од V-2 одделение. Реализацијата на оваа работилница се одвиваше во рамките на прилагодената настава во актуелниот период, односно учењето на далечина со примена на дигитални алатки.

На 25 април 2020 год., беше одржан онлајн час преку дигиталната платформа zoom.us, со цел поетско творење на тема „Убавините на пролетта“. За таа цел учениците учениците се потсетија на основните елементи на песната: стих, строфа, рима и поетска слика и беа поттикнати да изнајдат зборови кои се римуваат. Исто така на учениците им беше поставен докумeнт со поетски творби со мотивот за пролетта од македонски автори за деца и поетски творби напишани од библиотекарот на училиштето (Благица Ангеловска) со цел да им послужат за поттикнување на инспирацијата при творењето. нгеловска) со цел да им послужат за поттикнување на инспирацијата при творењето. Тековно учениците добиваа определени насоки, упатства и стручна помош за пишување и за коригирање на личните поетски творби, според нивните индивидуални потреби и можности. На 7.5.2020 год., се реализираше организраното поетско читање за учениците од 5-2 одд. коишто напишаа лични поетски творби со мотивот на пролетта, а на крајот на истото тие имаа можност да размислат и да дадат свое мислење и видување за организираната поетска работилница и за поетското читање воопшто. Тие изразија желба да се повтори овој вид активност, ја искажаа својата љубов кон пролетта како годишно време, ги коментираа личните поетски творби на библиотекарот и најважно е што изразија задоволство, восхит и мотивација за понатамошни творечки активности организарни во рамките на училишната библиотека. Како награда за овој труд на учениците беше создадена илустрирана поетска читанка со личните постеки творби, односно изработки на учениците од 5-2 одд. „Убавините на пролетта“ од страна на библиотекарот преку апликацијата bookcreator.