Работилница „Наставници и родители – Градиме мостови“ (интерни обуки за наставници)

Во месец јуни-јули 2020 година беа реализирани 3 работилници за соработка со родители на тема „Наставници и родители – Градиме мостови“.

Темите опфатени во обуката беа:

  • Што е училишна заедница? Улогите и целите на родителите и наставниците во образовниот систем
  • Патување низ училиштето/училишната заедница. Што треба да земеме во предвид доколку сакаме да изградиме добра соработка/однос со родителите?
  • Очекувања: што родителите очекуваат од наставниците, што наставниците очекуваат од родителите
  • Како родителите и наставниците се доживуваат меѓу себе? – митови, стереотипи и предрасуди – анализа како да изградиме училишна заедница базирана на почит и човекови права
  • Што не блокира / преставува проблем кога комуницираме со другите? Што ни помага при комуникацијата со другите?
  • 4 принци (4 Agreements – Don Miguel Ruiz)
  • Вовед во ненасилна комуникација (NVC)
  • Жирафа или Чакал?
  • „Јас порака“
  • Што вообичаено прават наставниците за да имаат / остварат добар однос/комуникација со родителите?
  • Активно слушање и преформулирање
  • SWOT анализа – техника за анализаирање и подобрување на комуникацијата и соработката со родители

Работилниците беа дел од дисеминацијата од посетената обуката за соработка со родители во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ во периодот од 24-28.02.2020 година и беа реализирани од страна на наставниците Љубица Ружинска и Весна Стезоска. При реализација на работилниците беа запазени мерките на претпазливост и заштита на ширење на Ковид 19 од страна на Владата на РСМ: групи на наставници не поголеми од 20 учесници, носење на заштитни маски, одржување на проширена социјална дистанца, паузи на секој саат и половина и редовна дезинфекција за време на паузите.

Таргет групата на работилниците беа одделенските и предметните наставници и стручни соработници од нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски’. Работилниците беа посетени од вкупно 60 наставници.

Атмосферата за време на работилницатите на  30.06, 01.07 и 02.07.2020 година.