Седмоодделенците учеа за дигитална драма

На 30.11.2020 година беше реализирана работилницата „Дигитална драма“ за време на одделенскиот час во VII-4 одд. од страна на класниот раководител Анета Талеска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Цел на оваа работилница беше да има се покажат на учениците стратегии за справување со дигиталната драма. Немерата е да се поттикнат да не толерираат насилство на интернет и преку сопствен пример да промовираат коректни врснички односи во виртуелниот и реалниот живот. Во склад со наведените цели се спроведоа задачи за работа во група во кои учениците играат улоги на оние кои поттикнуваат кавга/спор и оние кои конструктивно делуваат за да не дојде до истиот или истиот да се намали.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текст напишан од страна на ученик од одделението за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.