На 11.12.2020 година беше реализирана работилницата „Авторски права“ која е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и ќе се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Со цел остварување на планираната меѓуучилишна соработка со основно училиште на локално ниво, работилницата ја реализираше м-р Благица Ангеловска, библиотекар на нашето училиште, во текот на дополнителниот онлајн час за учениците од VII-2 одд. од ООУ „Александар Македонски“ – Скопје, по претходно заемен договор со нивниот одделенски раководител Александра Наџинска Ефремова.
Целите на работилницата беа да се запознаат учесниците на работилницата со поимот авторски права, да научат дека и нематеријалното добро (на пр.: книжевно дело, уметничка слика, филм и сл.) е производ на нечиј труд којшто треба да му биде признаен и/или платен, како и за материјалното добро, да се предупредат дека појавите на плагијат и пиратерија како нелегални дејствија им нанесуваат штета на авторите и да им се посочат можностите за почитување на авторските права во секојдневните активности во училиштето, како и надвор од него.
Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.
Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.