Воведен состанок во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Според проектната апликација на почетокот на месец декември 2020 година беше предвиден да се одржи воведен состанок (Kick off meeting) во Латвија, но поради ситуацијата со глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот истиот беше реализиран онлајн преку Zoom апликацијата.

Воведниот состанок беше реализиран во два дена, првиот дел на 4.12.2020 и вториот дел на 11.12.2020 година.

За време на првиот дел, на 4.12.2020 година, прво се обратија директорите и помошник директорите на секое партнер-училиште, а потоа следеше презентација на секое партнер-училиште преку видео или презентација. Нашето училиште беше презентирано од страна на нашиот помошник директор, Милена Игњатова преку онлајн презентација.

Потоа Еразмус+ координаторот од нашето училиште, Љубица Ружинска, имаше работна сесија со останатите учесници на состанокот на која се претстави платформата еТвининг и начинот на работа во рамките на TwinSpace делот во кој треба да биде започнат еТвининг проектот во рамките на КА229 проектот.

За време на вториот дел од воведниот состанок, на 11.12.2020 година, следеа следните активности:

  • работа со Google Drive, реализиран од страна на помошник директор, Милена Игњатова
  • план за публикација и десиминација, реализиран од страна на претставник од партнер-училиштето од Романија
  • вовед во делот за евалуација (процес за евалуација и формулари), реализиран од страна на претставник од партнер-училиштето од Естонија
  • проектен план на активности, одговорности и рокови за периодот декември 2020 – јануари 2021, претставен од страна на претставник од партнер-училиштето од Латвија
  • договор и активности за следен состанок преку Zoom апликацијата во јануари (прашалник за ученици, правила за конкурост за избор на лого на проектот)