Училишен конкурс по повод Денот за побезбеден интернет

Во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“, по повод Денот за побезбеден интернет, се распишува училишен конкурс за изработки во 3 категории:

КАТЕГОРИИ:

Кратко видео

Критериуми:

  • содржина -  безбедност на интернет, справување со проблеми на интернет, заштита и сл.
  • должина – од една до 10 минути
  • формат – mp4, avi, StopMotion и сл.

Стрип (дигитална форма)

Критериуми:

  • содржина -  безбедност на интернет, справување со проблеми на интернет, заштита и сл.
  • апликација – дигитална апликација по избор на ученикот/групата (на пр. StoryboardThat, Makebeliefscomix, Pixton и сл.)
  • формат – .pdf, .jpg, .png

Расказ

Критериуми:

  • содржина -  безбедност на интернет, справување со проблеми на интернет, заштита и сл.
  • апликација – MS Word или друг текстуален процесор

 Сите изработки се изработуваат на англиски јазик. 

ИЗБОР:

Учесниците на конкурсот од сите категории ќе поминат прво училиштен натпревар, од кој ќе се одберат:

  • 1 најдобро видео
  • 3 најдобри стрипа
  • 3 најдобри раскази

Одбраните изработки во сите категории во февруари ќе учествуваат на меѓународен натпревар во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот.

НАЧИН НА ИСПРАЌАЊЕ:

Изработките треба да се постават на Drive (ОneDrive или GoogleDrive) и да се споделат со одговорните наставници** најдоцна до 20.01.2021 година:

ljubica.ruzhinska@oulazoangelovski.edu.mk

valentina.petrova@oulazoangelovski.edu.mk

** за подетални информации обратете се кај одговорните наставници.