На 14.12.2020 година беше реализирана работилницата „Авторски права“ за време на одделенскиот час во VII-5 одд. од страна на класниот раководител Жаклина Колевска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.
Преку оваа работилница учениците ќе се запознаат со поимот за авторски права, за појавите на плагијат и пиратерија и ќе научат дека и нематеријалното добро е производ на нечии труд и исто така заслужува да биде признаен и платен како и за материјално добро. За време на задачите во групи учениците ќе имаат можност да вежбаат наведување на користена литература (извори) според дадени правила, како и да го совладуваат процесот на преземање на бесплатна музика од апликацијата Freeplaymusic.com за користење во изработка на филмови/видеа.
Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.
Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.