Шестоодделенците учеа за рекламен постер и рекламен спот

На 14.12.2020 година беше реализирана работилницата „Аудиовизуелно“ за време на одделенскиот час во VI-3 одд. од страна на класниот раководител Даниела Давковска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Целта на оваа работилница е да се истражи концептот на рекламен постер и рекламен спот/реклама со цел да се поттикнат да размислуваат на влијанието кое рекламените постери и рекламените спотови/реклами имаат врз потрошувачите.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.