Петтооделенците дискутираа за улогата на фотографијата во медиумите

На 16.12.2020 година беше реализирана работилницата „Моќта на сликата“ за време на часот по македонски јазик во V-1 одд. од страна на класниот раководител Магдалена Петреска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Целта на оваа работилница е учесниците да разберат дека секоја слика има одредена порака и да разберат дека сфаќањето на секоја фотографија зависи од искуството, вредностите и верувањата на секоја личност. После пленарниот дел од работилницата, учениците во групи анализира пораки на некои фотографии.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.