Деветтоодделенците дебатираа за инструментите за манипулација во медиумите

На 15.12.2020 година беше реализирана работилницата „Инструментите за манипулација во медиумите за време на одделенскиот час во IX-1 одд. од страна на класниот раководител Тина Симиќ Ацковска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Целта на оваа работилница е истражување на концептот за манипулација, развивање на критичко размислување; идетификација на квалитетни информации и манипулативни пораки, аналзирајње и критичко интерпретирање на медиумските продизводи; разбирање на местото и улогата на медиумите во динамиката на современото општество и изразување на мислење и ставови кон примените информации.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.