Осмооделенците учеа за дигиталното граѓанство

На 18.12.2020 година беше реализирана работилницата „Одговорни дигитални граѓани“ за време на класниот час во VIII-6 одделение од страна на класниот раководител, Тања Крстевска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Целта на оваа работилница е да им се приближи на учениците поимот за дигитално граѓанство и сите елементи кои истото ги опфаќа и да им се посочат различните можности за активно дигитално граѓанство. Преку зададените задачи за време на работилницата, учениците исто така ќе можат да разгледуваат активностите кои би можеле да се вклучат во образовниот/училишниот курикулум кои би помогнале на младите/учениците да станат активни дигитални граѓани.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.