Седмооделенците учеа за информативни и кликбејт наслови

На 23.12.2020 година беше реализирана работилницата „Информативни и кликбејт наслови“ за време на класниот час во VII-6  одделение од страна на класниот раководител, Маја Стојановска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Целта на оваа работилница беше да се објасни разликата помеѓу информативните и кликбејт наслови, како и да се запознаеме со целта на кликбејт насловите. За да ја воочат разликата помеѓу информативните и кликбејт насловите учесниците во оваа работилница сами подготваа неколку наслови.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.