Шестоодделенците во улога на новинари

На 21.12.2020 година беше реализирана работилницата „Медија тренинг“ за време на класниот час во VI-6  одделение од страна на класниот раководител, Мирослава Павлова-Аневска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Целта на оваа работилница беше учениците да се запознаат со новинарството, начинот на создавање новинарски текст и какво новинарство и новинарски напис постои.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.