Осмооделенците диксутираа за приватноста онлајн

На 21.12.2020 година беше реализирана работилницата „Приватност онлајн“ за време на класниот час во VIII-1  одделение од страна на класниот раководител, Валентина Петрова. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Цел на оваа работилница е да се прикажат можностите за заштита на приватноста на интернет и значењето на дигиталниот траг. За време на работилницата учениците дискутираа за различни видови приватност (својата и приватноста на другите) и направија листа со совети што ТРЕБА и НЕ ТРЕБА  да прават за да се заштити идентитетот онлајн давајќи примери од сопствено искуство.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.