На 20.02.2015г .во пресрет на 21.февруари ,Денот на мајчиниот јазик , во нашето училиште се одржа Јазична трибина.Учениците од VII и VIII одделение истражуваа и подготвија три презентации, разработувајќи секојдневни теми поврзани со користењето, односно некористењето на македонскиот стандарден литературен јазик.Учениците ги подготвија следните теми под менторство на наставниците Костадинка Поповска и Благица Ангеловска
-Јазикот на младите и јазикот на социјалните мрежи-Употреба на нелитературен наспроти литературен стандарден јазик
-Текстовите во македонската поп рок музика-Евергрини наспрема денешните текстови.
-Преводи и синхронизации
Во оваа прилика беа прогласени и наградените ученици од распишаниот конкурс на училишната библиотека кои пишуваа на следниве теми.
-Зборови разни за песни и сказни-за учениците од III-V ОДД.
-Моќта на зборовите- за учениците од VI-IX одд.
Првонаградените ученици ги прочитаа своите поетски творби.