Во 6 града во Македонија, во 12 основни училишта, се изучува германски јазик од 1 одделение. Меѓу овие е и нашето училиште „Лазо Ангеловски“ од Скопје кое учествуваше на карневалот во Прилеп „Прочка“ на 22.02.2015г.Сите заедно за прв пат на овој карневал настапија под логото ДАКЛ 1 односно Германски јазик од 1 одделение, проект поддржан од Гете институт и МОН.
Осмоодделенците,со наставничката по германски јазик Симона Чиковска-Зафировска го претставија најдобриот клуб во Бундеслигата,Баерн-Минхен.
Така децата ни покажаа дека германскиот јазик воопшто не е тежок, ако заедно се движиме.