На 22.03.2021 година беа реализирани две работилници за родители за развивање на медиумската писменост во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дгитални граѓани утре“. Работилниците беа реализирани онлајн преку платформата MS Teams за членовите на Советот на родители.
Првата работилница на тема „Позитивна и негативна содржина во медиумите: Медиумско влијание и можности за родителите“ за родителите од одделенска настава беше презентирана од страна на нашиот Еразмус+ координатор, Љубица Ружинска, заедно со дел од членовите од Тимот за реализација на проектот одделнските наставници Тања Јосимовска и Христина Божиновска. Презентацијата од работилницата е достапна на следниот линк. Цел на работилницата беше да им се посочат позитивните и негативните содржини на интернет и нивната улога во медиумската писменост на децата. Во воведниот дел на работилницата родителите се запознаа со примери на позитивни и негативни содржини во медиумите и со истражувања за сигурноста на децата на интернет. Родителите за време на работилницата имаа можност и сами да прегледаат некои медиумски содржини и да ги споделат своите мислења за истите со другите учесници во работилницата.
Втората работилница на тема „Насочување на дигиталната генерација“ за родителите од предметна настава беше презентирана од страна на помошник директор, Милена Игњатова, заедно со дел од членовите на Тимот за реализација на проектот, наставник по македонски јазик, Валентина Петрова и наставник по музичко образование, Тања Крстевска. Презентацијата од работилницата е достапна на следниот линк. За време на работилницата родителите се запознаа со раличните аспекти на дигитализацијата со цел да бидат подготвени да им помогнат на децата да ги почитуваат чувставата, приватноста и сопственоста на останатите луѓе упатувајќи ги кон вистинската патека низ животот во дигиталниот свет.
Членовите на Советот на родители за време на родителските средби во месец април 2021 година ќе ги споделат информациите и презенатците со останатите родители во одделенијата каде што тие се претставници.